Monday, October 16, 2017   
 
историјат  
Оддел за настава по странски јазици на нематичните факултети
 
Потребите и барањата од факултетите-членки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” за покривање на наставата по предметот странски јазик на други факултети, каде што странскиот јазик е застапен како еден од задолжителните предмети, долго години беа обврска и за нивната реализација беа одговорни соодветните катедри на Филолошкиот факултет и наставниот кадар од односните катедри. Во 1997 година, заради подобрување на организациската поставеност на Катедрата за англиски јазик и книжевност, на којашто обемот на дејностите и бројот на наставниците значително се зголеми, а по иницијатива на членовите од таа Катедра, се изврши одвојување на таа настава од Катедрата и формирање посебна организациска единица на Филолошкиот факултет: Оддел за настава по англиски јазик на нематичните факултети. Наставата по француски, германски и руски јазик на другите факултети на Универзитетот и понатаму ја покриваа наставниците од матичните катедри. Со промената на Статутот на Филолошкиот факултет во 2001 година, а по иницијатива на деканската управа, истата година се изврши реорганизација на Одделот за настава по англиски јазик во Оддел за настава по странски јазици на нематичните факултети.
Каква и да била неговата поставеност, Одделот и во изминативе 10 години (1995/1996 - 2005/2006) ја покрива наставата по предметот странски јазик на речиси сите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, и тоа на:
1. Правен
2. Филозофски
3. Физичка култура
4. Градежен (геодезија)
5. Фармацевтски
6. Педагошки
7. ПМФ
8. Технолошко-металуршки
9. Електротехнички
10.Машински
11. Ликовни уметности
12. Шумарски
13. Ветеринарен
14. Медицински
15. Драмски уметности
16. Земјоделски
17. Стоматолошки
18. Архитектонски
Во наставниот процес беа вклучени голем број избрани и пензионирани наставници од Филолошкиот факултет, како и наставници надворешни соработници. Зависно од потребите на Филолошкиот факултет, бројот на избраните наставници на Одделот е во постојано намалување. Таквата тенденција е поизразена во последниве пет години. Некои наставници од Одделот преминаа да работат на Катедрата за преведување и толкување, а дел од нив на соодветните матични катедри. Со примената на ЕКТ-системот на студирање се зголемија и потребите од наставен кадар, а поради рестриктивната политика на планот на нови вработувања, тие потреби мораше да бидат покриени и со наставници вработени на Одделот.
Наставата по предметот странски јазик на нематичните факултети ја изведуваа, главно, наставници избрани во звањата предавач и виш предавач, а со промената на Статутот на Филолошкиот факултет во 2001 година, лектор и виш лектор. Од учебната 1995/96 до учебната 2005/2006 год., оваа настава ја покриваа следниве вработени наставници на Филолошкиот факултет, пензионирани наставници и надворешни соработници:
Англиски јазик: Пандора Димовска, Фросина Корнети, д-р Даница Цветановска, м-р Илинка Дракулеска - Грубовиќ, Миланка Силјановска, Билјана Грујоска - Трајковска, д-р Лилјана Калиниќ - Ордева, м-р Марија Маџар - Рибар, м-р Марија Златковска, м-р Татјана Панова - Игњатовиќ, м-р Сања Гавриловска, д-р Солзица Поповска, м-р Мери Лазаревска, Бети Дрнков, Стрезовска Јасмина, Лазарова Ана;
Француски јазик: м-р Слободанка Колемишевска, д-р Раде Јорданов, Зора Јосифоска, Климентина Хаџи - Лега, Севда Лазаревска;
Германски јазик: м-р Ана Фотева, м-р Маријана Ѓорѓиева, Бјанка Нишлиска;
Руски јазик: Роза Тасевска.
За да ги реализира програмските содржиниефикасно и добро, наставникот треба да има познавањаод научните и стручните дисциплини штосе изучуваат на соодветниот факултет каде што тојја изведува наставата по странски јазик. Тоа барадополнителен личен труд на наставникот, големапосветеност во работата што ја извршува, следењена стручна и научна литература на јазикот што гопредава, како и негово постојано лично надоградувањеи усовршување. Во таа смисла е мошнезначајно учеството на наставниците по англискијазик на семинарите организирани од страна наАмбасадата на САД во Република Македонија, итоа во Охрид во 2001 година, во Струмица и во Битолаво 2002 година. Семинарите ги водеше г-ѓаКети Куп од САД, којашто е експерт по англиски јазикво функција на струката. Таа беше и редакторна подготвените прирачници, а наставниците,автори на изготвените прирачници беа гости наамериканскиот Стејт департмент и учествуваа наСветската конференција за наставници по англискијазик (ТЕСОЛ) која се одржа во Солт Лејк Ситиво 2002 година. Во 2002 објавените прирачницибеа преработени и дополнети за нивно ново издавањево 2004 година, а прирачникот за наука итехнологија беше испратен од страна на Одделениетоза образование на Стејт тепартментот напилот-програма во Панама (лето 2004), каде штонаиде на добар прием кај наставниците и студентитена техничките факултети во Панама.
Со оглед на тоа што целта на наставата попредметот странски јазик на нематичните факултетие проширување и продлабочување на јазичните знаења кај студентите и совладување на неопходниотлексички и структурен квантум на јазикотво струката, а така се и конципирани и усвоенинаставните програми на соодветните факултети,предуслов за следење на наставата е познавање на општиот странски јазик. Всушност, целтана наставата по странски јазик на нематичнитефакултети треба да биде оспособување на студентитеза спонтано изразување на јазикот на нивнатаидна професија и следење стручна и научна литератураод доменот на нивниот непосреден интерес.Затоа наставните содржини по странски јазик на нематичните факултети опфаќаат текстови од научните и стручните дисциплини што се изучуваат на соодветните факултети. За реализирањето на таа цел се користат различни пристапи,
методи и техники, а извежбаните концепти се применуваат во педагошки приспособени стручнонаучни текстови.
Голема помош во реализирањето на наставата се учебниците од странство, странските стручни списанија, автентичните документи, но најмногу издадените учебници и учебни помагала за таа намена изготвени од страна на наставниците на Одделот за настава по странски јазици на нематичните факултети, и тоа:
1. Гавриловска, С. English for Law Students
2. Грујоска - Трајковска, Б. Art and Artists, 1996
3. Грујоска - Трајковска, Б. Workbook for Art, Histors and Fine Arts, 2002
4. Димовска, Пандора ESP Medicine and Dentistps, 1992
5. Дракулевска - Грубовиќ, И. Workbook for Physical Education and Sports, 2002
6. Дракулевска - Грубовиќ, И., Николовски - Катин С., Јордановски, Н., Ветеринарен англискомакедонски речник,1996
7. Златковска, М. English for Students of Computer Science, Beginners' Course, 1998
8. Калиниќ - Ордева , Љиљана, Basic English for Students of Agriculture, 1996
9. Карговска - Клисарова, Аница, Колемишевска, Слободанка, Nomina anatomica – латинско-француско-македонски речник, 2000
10. Колемишевска, Слободанка Француски за медицинари и фармацевти, 1996
11. Корнети, Фросина и Панова - Игњатовиќ, Татјана, ESP English for Teacher Students, 1996
12. Маџар - Рибар, М., Златковска, М., Поповска, С., Петковска, В. Workbook for Science and Technologs, 2002
13. Силјаноска, Миланка ESP Pharmacs and Bioleogs, 1986
14. Силјаноска, Миланка ESP The Language of Pharmacs in English, 2000
15. Силјаноска, М., Панова-Игњатовиќ, Т. Workbook for Medicine, Dentistps, Pharmacologs, 2002
16. Цветановска, Д., Лазаревска, М., Гавриловска, С., Workbook for Law, Politics, Journalism, 2002
17. Цветановска, д-р Даница. ESP Journalism, 1996
18. Цветановска, д-р Даница, ESP Political Studies, 1997
19. Цветановска, д-р Даница, ESP Political Studies (Foreign Polics), 1998
20. Поповска,С. (2003) Крале Марко и кралот Артур, Митското во легендите, Скопје; (2004) Препевот пред дилеми, Скопје
21. Колемишевска, С. (2005) превод на II том на делото “Историја на верувањата и на религиските идеи” од Мирче Илијаде, Скопје: Табернакул
22.Јосифоска, З. (2005) превод на I том на делото Историја на верувањата и на религиските идеи од Мирче Илијаде, Скопје: Табернакул
23. Гавриловска, С. (2005) English for law students, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
 
Вработените на Одделот настојуваат наставата да се одвива на најдобар можен начин и таквите настојувања да даваат добри резултати, бидејќи местото и улогата на странскиот јазик во рамките на стручно-научната едукација на студентите се мошне важни. Но, со оглед на специфичностите на наставата на нематичните факултети, во текот на реализирањето на нејзините цели наставниците се соочуваат со доста тешкотии и проблеми. Проблемите произлегуваат, пред сè, поради тоа што и по 20 години сè уште не е јасно дефиниран статусот на оваа настава во поглед на траење на наставата, режимот на студии, фондот на часови, број на наставници што треба да ја покриваат наставата, хетерогеноста во нивото на јазичната компетенција настудентите, број на студенти во група и др.
Во периодот што следува, сиве овие прашања околу статусот и проблемите во наставата по предметот странски јазик на нематичните факултети мора да се решат и да се воедначат на ниво на Ректорат што ќе биде имплементирано еднакво на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.