Sunday, April 20, 2014   
 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Р. Македонија

 Филолошки факултет „Блаже Конески“

 

информации  
актуелни конкурси  
Соопштенија и настани  
еразмус - Tuesday, April 08, 2014

 Се информираат сите заинтересирани кандидати што ќе конкурираат за стипендиите ЕРАЗМУС МУНДУС + дека контролните испити за проверка на знаењето на странски јазик ќе се одржат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје во следните термини:

- англиски јазик на 14 и на 22 април 2014 г. од 11 часот

- германски јазик на 15 и на 25 април од 11 часот

- италијански јазик на 14 и на 22 април 2014 г. од 11 часот

- француски јазик на 16 и на 23 април 2014 г. од 11 часот

За другите странски јазици испитот ќе се реализира во договор со Деканатот и со соодветниот професор. 

По полагање на контролниот испит, кандидатот добива уверение за познавање на странски јазик на соодветното рамниште во согласност со Европската јазична рамка. 

За пријавување за испитот и за сите дополнителни информации, обратете се во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

Контакт-телефон: 02 32 40 436

 
гостување - Friday, April 04, 2014

 Катедрата за англиски јазик и книжевност го најавува гостувањето на еминентниот професор по англиска книжевност и познат шекспиролог  проф. д-р Алекандер Шурбанов, професор на Универзитетот во Софија, Република Бугарија.

Професорот Шурбанов ќе ги одржи следните предавања на Катедрата за англиски јазик и книжевност и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје:

1. Shakespeare’s refashioning of the Renaissance sonnet - предавањето ќе се одржи на 08.04. (вторник) со почеток во 11.20ч во А2.

2. Policy and Humanity in English Renaissance Drama - предавањето ќе се одржи на 09.04. (среда) со почеток во 11.20ч во Сала за седници.

3. Lyrical Aspects in Shakespeare’s Drama - предавањето ќе се одржи на 10.04. (четврток) со почеток во 11.20ч во А3.

Во следниот документ можете да ја најдете научната и академска биографија на професорот Александер Шурбанов.

 
конкурс - Tuesday, March 04, 2014

Одборот за доделување на наградата „Св. Кирил и Методиј“ објавува Конкурс за доделување на наградата „Св. Кирил и Методиј“ за 2014 година.
Право на учество на конкурсот има лице избрано во наставно - научно или во научно звање, кое е во работен однос на Универзитетот.
Замолуваме за конкурсот да го информирате наставно - научниот и/или научниот кадар во Вашата единица (електронски и на веб страната на единицата).
Во прилог на дописот Ви го доставуваме Конкурсот за доделување на наградата „Св. Кирил и Методиј“ за 2014 година. Конкурсот е објавен на веб страната на Универзитетот.

Повеќе...

 

 
диктат француски - Monday, March 03, 2014

Конкурс за диктат по француски јазик 2014

Повеќе...

Fiche d’inscription dictée 2014

 
собир - италијански студии - Thursday, February 27, 2014

 ЈАЗИЧНИ, КНИЖЕВНИ И КУЛТУРНИ ПАРАЛЕЛИ 

Охрид 13-14 септември 2014
Меѓународен собир по повод 55 години италијански студии
на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

PARALLELISMI LINGUISTICI, LETTERARI E CULTURALI
Ohrid 13-14 settembre 2014
Convegno internazionale in occasione dei 55 anni di studi italiani
presso l’Università “Ss. Cirillo e Metodio” di Skopje 
 

http://www.flf.ukim.edu.mk/ohrid2014

 
конкурс - шпански - Wednesday, February 26, 2014

 

 
координатори - Tuesday, February 11, 2014

 Почитувани студенти,

За сите прашања во врска со студиските програми и планови можете да се обратите до координаторот  на соодветната катедра. Во прилог е даден списокот на ЕКТС-координатори и преимните термини кај секој од нив.

Со почит, 

 

 
бирање предмети - летен 2014 - Thursday, January 30, 2014

 Бирање на предмети за летен семестар и заверување на зимски семестар повеќе...


Рокот за електронско бирање на предмети е продолжен до 10.2.2014.

 
сместување докторанди - Tuesday, November 12, 2013

 ОГЛАС

за сместување кандидати-докторанди во Домот за докторанди „Атанас Близнаков”  Повеќе...

 
конкурс втор циклус - Friday, September 27, 2013

 Конкурс за запишување на студенти во акад. 2013/14 година на втор циклус студи

повеќе...

 
прием - Thursday, September 19, 2013

 СРЕДБА СО ДЕКАНОТ, СО ПРОДЕКАНИТЕ ИЛИ СО СЛУЖБИТЕ ВО ДЕКАНАТ СЕ ОСТВАРУВА САМО ВО ИСКЛУЧИТЕЛНИ СИТУАЦИИ, И ТОА ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ НА СЛЕДНАВА АДРЕСА: kontakt@flf.ukim.edu.mk

Повеќе...

 
втор циклус - термини - Monday, February 10, 2014

 Почитувани студенти на втор и на трет циклус универзитетски студии,

 Заради поголема ефикасност во работењето на Стручната служба на Факултетот, Деканатот воведе приемни денови во отсеците. Во врска со тоа, ве известуваме дека за вас приемни денови се понеделник и четврток од 8 до 10 часот и вторник од 12 до 14 часот.

Се надеваме на разбирање од ваша страна. 

 
конкурс втор циклус конференциско толкување - Thursday, May 09, 2013
Самоевалуација - Monday, April 29, 2013

 Самоевалуација на Филолошкиот факултет Блаже Конески 

повеќе...

 
јапонски - Thursday, April 11, 2013

 Курсот по јапонски јазик ќе се одржува во следните термини:

за почетно рамниште: среда 18:00-19:30 и четврток 16:20 - 18:00
за напреднато рамниште: вторник 16:20 -18:00 и среда 16:20 - 18:00
Часовите и со двете групи ќе се одржуваат во лабораторијата ХЕСП
 
конкурс толкување - Monday, April 01, 2013

 Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на
студиската програма по конференциско толкување на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

повеќе...

 
одлука - информации јавен карактер - Monday, October 22, 2012

Одлука Информации од јавен карактер

повеќе...

 
приемни денови стручна служба - Wednesday, October 03, 2012

 ВАЖНО!

Приемни денови на стручната служба

повеќе...

 
таксени марки - Monday, January 17, 2011
онлајн  
People Online People Online:
Visitors Visitors: 11
Members Members: 0
Total Total: 11

за идните студенти  
Материјали